
Интер Мајами обезбеди пласман во осминафиналето, ама Меси лут го напушти теренот (ВИДЕО)
Сепак, американскиот тим во кој играат четворица поранешни фудбалери на Барселона не само што влезе во осминафиналето, туку тоа го направи без пораз, со два нерешени резултати и една победа. Таму оди како второпласиран во својата група, но тоа очигледно не го задоволи најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.
По синоќешниот меч против Палмеирас, тој го смени дресот со еден противнички фудбалер, а потоа лут го напушти теренот и замина во соблекувална. Навивачите се прашуваа која е причината за тоа, но одговорот брзо стигна.
Интер Мајами до 80. минута водеше против Палмеирас со 2-0 и со евентуален триумф ќе го освоеше првото место во групата. Бразилците во погодија два пати во финалните 10 минути и се изборија за бод кој ги остави на чело на табелата, поради подобрата гол-разлика во однос на Интер Мајами. Тимот од Флорида со тоа ја освои втората позиција која во осминафиналето за ривал му го носи европскиот првак ПСЖ, а тоа е нешто што на Меси воопшто не му се допадна. Во случај на триумф, Интер Мајами ќе се сретнеше со Ботафого кој не е лош тим, но е секако подобра опција од ПСЖ.