Ивановски фуриозeн во Загреб - со еден изгубен гем обезбеди осминафинале!

Maкедонскиот тенисер, Калин Ивановски одигра одличен натпревар во кој изгуби само еден гем и експресно се пласираше во второто коло на турнирот во Загреб.

Ивановски до победа против Германецот, Дин Турнер стигна за само 58 минути игра со 6-0 и 6-1 во сетови.

Во првиот сет Ивановски беше перфектен и не дозволи на противникот ниту еден гем, а во слично темпо продолжи и во вториот кога германскиот тенисер освои само еден гем.

На фјучерсот во Загреб вво второто коло Ивановски ќе се соочи против победникот од мечот помеѓу Николо Чиварела и Душан Обрадовиќ.