Ѓокереш донел одлука: Заминува од Спортинг, преговара со премиерлигаш!

Шведскиот напаѓач, Виктор Ѓокереш според последните информации веќе го известил раководството на Спотинг дека нема намера повеќе да игра за овој клуб.

Ѓокереш е среќен во Лисабон, но исто така и свесен дека овој момент е кога треба да направи исчекор во кариерата.

Како фаворит за негово доведување во овој момент се истакнува Арсенал кој води преговори. Договорот на Швеѓанецот со Спортинг истекува во 2028 година, но во него има и откупна клазула од 100 милиони евра.

Во португалскиот клуб, Ѓокереш пристигна во 2023 година од Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра. Минатата сезона во сите натпреварувања собра 52 настапи во кои постигна 54 гола и додаде 13 асистенции.

Неговата вредност на трансфер пазарот се проценува на околу 75 милиони евра.