Блам на годината: Го тетовираше испаѓањето на најголемиот ривал, а тие изборија опстанок

Извесен навивач на Џенова сакаше со тетоважа да го прослави испаѓањето на градскиот ривал Сампдорија во Серија Ц, но поради тоа сега сигурно многу се кае.

На фотографијата може да се види дека навивачот го истетовирал датумот кога Сампдорија требаше да го доживее најголемиот дебакл во својата историја и да се пресели во третиот ранг на италијанскиот фудбал.

Сепак, иако Сампдорија се најде на позициите кои значат преселба во Серија Ц, подоцна по завршувањето на сезоната беа одземени бодови на Бреша, доволно за Сампдорија да ја прескокне и да дојде до бараж.

Во баражот клубот од Џенова беше поуспешен од Салернитана, па така успеа да избегне катастрофа.