
Милан како замена за Рејндерс сака фудбалер со потекло од Македонија!
Јашари е роден во Швајцарија, но неговите родители се иселеници од Македонија, па така поседува и македоско државјанство. Сега „росонерите“ токму во него гледаат некој кој може достојно да го замени Рејндерс кој кариерата ја продолжи во Манчестер сити.
Претходно „росонерите“ се поврзуваа со Гарнит Џака и Хави Гвера, но не дојде до ништо конкретно.
Според информациите на новинарот Саша Таволиери, Милан за Јашари е подготвен да понуди сума од 27 милиони евра, плус три како бонуси. Јашари во кариерата веќе дебитираше и за репрезентацијата на Швајцарија и тоа во Лигата на Нации против Чешка пред две години.
Во изминатата сезона Јашари беше избран и за фудбалер на сезоната во Бриж.