Јоветиќ го избрал новиот клуб

Црногорскиот ветеран Стеван Јоветиќ ова лето тренираше со Будуќност од Подгорица и така ја одржуваше формата, а се споменуваше и дека кариерата ќе ја продолжи во Хрватска во редовите на Ријека, сепак тоа не се случи.

На крајот Јоветиќ за нова дестинација го избрал Кипар каде што ќе игра во дресот на Омонија.

Во редовите на Омонија, Јоветиќ пристигнува како слободен играч бидејќи го раскина договорот со грчки Олимпијамкос.

Пред Олимпијакос Јоветиќ го носеше дресот на: Партизан, Фиорентина, Манчестер Сити, Интер, Севилја, Монако и Херта.