ФИФА ја казни Албанија пред натпреварот против Србија

Репрезентацијата на Србија ќе ги започне квалификациите за Светското првенство во 2026 година со натпревар против Албанија во Тирана.

Натпреварот на „Аир Албанија“ на програмата е на 7 јуни од 20:45 часот и ќе се игра без гостински навивачи поради казната која Србија ја доби од страна на ФИФА.

Но, казна стигна и за Албанија која нема да може да го исполни стадионот до последното место. Светската фудбалска организација го казни Фудбалскиот сојузн а Албанија со затворање на тибината зад двата гола поради навивачки испади во натпреварот против Андора.

Во тој натпревар албанските навивачи истакнаа незадоволство поради заедничката организација која на Европското првенство за млади која ФИФА ја додели на Србија и Албанија.

Покрај затворањето на двете трибини, Албанија ќе мора да плати и парична казна во износ од 20.000 швајцарски франци.