
Бјелица им ја плесна вистината на Хрватите: Овој Динамо е на Мамиќ, а не мое дело!
Иако Бјелица од сите беше посочен како човек кој го препороди Динамо и од загрепскиот гигант направи тим што може да игра со секого во Европа, а не да биде „боксерска вреќа“, сепак, кормиларот на „модрите“ за успесите го потенцираше бегалецот Мамиќ, посочувајќи дека овиј тим е дело на фудбалската алфа и омега, а не негово дело.
„Мамиќ е тој што ја направи базата на Динамо, со години ја создаваше младинската школа, го организираше клубот, носеше играчи и сето тоа го направи на – врвно ниво. Многу работевме на создавање на тим, ама не сум јас тој што ги донесе Бруно Петковиќ и Мислав Оршиќ (двајцата се хрватски репрезентативци – н.з.). И постојано се слушаме, се слушнавме и после мечот со Шахтер. Горд е на момците, убеден дека ќе играме пролет во Европа. Јас во кариерата не сум работел со многу луѓе како Мамиќ, кои толку добро го разбираат фудбалот. Многу добро ги знае момците, многу добро соработуваме“, рече Бјелица.
Кога новинарот го запраша за судските процеси и затворската казна, Бјелица само кратко одговори:
„Тие работи се приватна работа на Здравко. А, само времето ќе покаже дали згрешил или не“.