
Состанок во Барселона: Јамал со една фотографија најави големо засилување?! (ФОТО)
Вилијамс до Барселона беше блиску во изминатото лето, но тогаш трансферот не се реализираше
Според последните информации спортскиот директор Деко денеска одржал состанок со Феликс Таинта, агентот на Нико Вилијамс. Двајцата се сретнале во Барселона и разговарале за опциите Вилијамс да се пресели во каталонскиот гигант, привичните информации се дека разговорот одел во позитивна насока.
Како дополнување на оваа информација е и објавата на Ламин Јамал на неговиот профил каде што објави фотографија од дресот во шпанската репрезентација со Вилијамс.