Скандал: Медведев брутално го навреди судијата поради Циципас и татко му (ВИДЕО)

Рускиот тенисер Данил Медведев, кој ја има улогата на прв носител на Австралијан опен поради отсуството на Новак Ѓоковиќ, во текот на полуфиналниот меч против Стефанос Циципас направи голем скандал, откако почна да го навредува главниот судија.

Медведев во вториот сет се изнервира, по што жестоко го нападна главниот судија поради тоа што грчкиот тенисер разговарал со татко му во текот на сетот, а такво нешто е забрането.

„Дали си ти луд, дали си луд? Тој може да зборува со татко му при секој поен. Дали си глупав? Одговори ми на прашањето! Дали ќе ми одговориш, те молам? Ти си толку лош човек. Погледни ме, тебе ти зборувам...“, беа само дел од коментарите на Медведев.