Шок на Ролан Гарос: Испадна еден од фаворитите по пет ипол часа борба

Германскиот тенисер Даниел Алтмајер го елиминира Јаник Синер во второто коло на Ролан Гарос со 3-2 во сетови, односно 6-7, 7-6, 1-6, 7-6 и 7-5.

По падот во играта на Алтмајер, сите очекуваа Синер да го реши мечот во четири сета, но набрзо Германецот се разбуди и ги доби четвртиот и петтиот сет за конечен триумф, по што не можеше да ги сокрие емоциите и се расплака.

Натпреварот траеше дури пет часа и 28 минути, а Германецот во следното коло ќе се соочи со Григор Димитров.