Нов тениски скандал: Двоен гренслем-победник исфрлен од тенисот поради допинг!
Тој несвесно примил интравенска инфузија со витамини во количина поголема од дозволените 100 милилитри во период од 12 часа – метод што е забранет според антидопинг регулативите. Тенисерот бил привремено суспендиран уште во декември, а конечната одлука за трајната суспензија беше објавена сега.
„Овој случај не вклучува позитивен тест на забранета супстанција, но покажува дека антидопинг правилата се многу пошироки“, изјави извршната директорка на МАИТ, Карен Мурхaус, која додаде дека целта е да се зачува интегритетот на спортот и еднаквите услови за сите играчи.
Суспензијата ќе трае до јуни следната година, земајќи го предвид веќе отслуженото време. Пурсел ќе ги загуби сите бодови и парични награди освоени од 16 декември 2023 – датумот на првото прекршување – до 3 февруари 2024 година, кога доставил прв негативен допинг тест.
„Овој процес трае со месеци и сериозно влијаеше на квалитетот на мојот живот“, напиша Пурсел на социјалните мрежи.
На тенисерот, кој триумфира на Вимблдон во 2022 и на Ју-Ес Опен во 2023 година во конкуренција на двојки, ќе му биде забрането не само натпреварување, туку и тренирање или присуство на било какви настани под закрила на тениските организации членки на МАИТ.
Претходно и други познати имиња во тенисот се соочија со антидопинг мерки. Минатата година Ига Швјонтек беше суспендирана еден месец поради контаминација со лек што содржел забранета супстанција, а Јаник Синер прифати тримесечна забрана по договор со Светската антидопинг агенција, иако немаше официјални обвиненија.
ФОТО: X / @GerdaPardiac