Навивач го прекина мечот на Ѓоковиќ и Димитров, а од трибините се гледаше и Меси

Новак Ѓоковиќ и Григор Димитров во овие моменти го играат полуфиналето во Мајами, а мечот во еден момент беше прекинат на неколку минути поради испад на еден навивач од трибините.

Помеѓу вториот и третиот гем од првиот сет некој од трибините нешто му дофрли на бугарскиот тенисер по што дојде до вербална распавија.

Главниот судија веднаш реагираше и го повика обебзедувањето за мечот да може да продолжи.

Навивачот кој провоцираше сепак уште некое време беше на трибините и по четвртиот гем ја напушти арената во Мајами.

Интересен момент од мечот е и што од трибините мечот го следи и Лионел Меси со својата поубава половина.