Флик постави голем рекорд во Барселона (ФОТО)

Барселона триумфира против Жирона со 4-1, а со тоа тренерот Ханси Флик постави голем рекорд на кормилото на каталонскиот гигант.

Флик стана единствен тренер во историјата на Барселона под чие водство тимот постигнал 139 голови на 45 меча, а екипата на 35 натпревари постигнала четири или повеќе голови.

Каталонците во моментов се први во Ла Лига со 66 бодови, односно три поени повеќе од Реал Мадрид.