Телохранителот на Меси доби забрана за влез на терен од МЛС-лигата

МЛС-лигата реши да му забрани на телохранителот на Лионел Меси да интервенира на терените затоа што ангажирале друго обезбедување.

Поранешниот припадник на специјалните сили на морнарицата, Јасин Чеуко повеќе не може да го штити Меси на теренот, односно ќе смее да биде присутен само во соблекувалните и мешаните зони.