Халанд израмни рекорд на Ван Нистелрој стар две децении (ФОТО)

Норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд игра одлично во дресот на Манчестер сити, односно во секоја од неговите три сезони во премиерлигашот постигна над 30 голови.

Најефикасен беше во првата сезона кога постигна 52 голови, по што запиша 38 погодоци минатата сезона, а оваа веќе стигна до бројката од 30 голови.

Интересно е тоа што Халанд стана првиот фудбалер кој успеал да постигне вакво нешто по Руд Ван Нистелрој, кој имаше над 30 голови во сезоните од 2001/02 до 2003/04.