
Струга го пречекува Шкупи, Тиквеш има тешко гостување во Кратово
Актуелниот шампион на Македонија, Струга игра дерби против Шкупи кој првенството го почна со високи амбиции, но со лошите резултати се исклучи од трката за шампионската титула.
Шанси за одбрана на титулата нема и Струга, но уште е во комбинација за излез во Европа, па бодовите од денешниот меч им се важни.
Уште поважни се бодовите за Силекс и Тиквеш но поради различни причини. Тимот од Кратово води борба за шампионската титула, а кавадарчани грчевито се борат за опстанок.
Во другите натпревари Шкендија во Тетово ја пречекува Брера, Работнички е домаќин на Беса, а Гостивар игра против Воска.
Колото почна во саботата кога Вардар во Битола го победи Пелистер со 3-1.
ПМФЛ 25. коло:
Струга – Шкупи
Силекс – Тиквеш
Гостивар – Воска
Работнички – Беса
Шкендија – Брера
Сабота:
Пелистер – Вардар 1-3