
„Сè што сакав е да играм на ‘Бернабеу’ во дресот на Реал Мадрид!“
Гостувањето на Мбапе во емисијата беше најавено со негова изјава која ќе ги воодушеви навивачите на „кралскиот клуб“.
„Сè што сакав е да играм на ‘Бернабеу’, да го носам дресот на Реал Мадрид и да слушам како навивачите го скандираат моето име“, кажа Мбапе.
Мбапе пристигна во Мадрид пред почетокот на сезоната, а досега настапи на 44 меча за „кралевите“, при што постигна 32 голови и четири асистенции.