Дортмунд добил над 300.000 барања за билети за мечот со Барселона

Бундеслигашот Борусија Дортмунд во четвртфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ) ќе се соочи против Барселона, а пристигнале над 300.000 барања за билет за мечот на „Сигнал Идуна Парк“.

Стадионот на „милионерите“ може да прими „само“ 81.365 гледачи, а дополнително ќе биде соопштено кои навивачи ќе ги добијат влезниците за дербито.

Првиот меч меѓу Барселона и Дортмунд се игра на 9 април, додека реваншот е закажан за 15 април.