
Скандал во НБА: Масовна тепачка меѓу играчите на Детроит и Минесота - седуммина исклучени (ВИДЕО)
Се почна со кошкањето меѓу Рон Холанд и Наз Рид, а кулминираше кога во гужвата се вклучи Донте Дивиченцо. За секунда се создаде голема гужва во која не се знаеше кој кого удира, а епилог на сето тоа е петмина исклучени кошаркари, плус двајца тренери. Предвреме во соблекувална заминаа спомнатите Рид, Дивиченцо и Холанд, како и Ајзеа Стјуарт и Маркус Сасер, а друштво им правеа првиот тренер на Детроит, Џеј Би Бикерстаф и асистентот во Минесота, Пабло Приџони.
Целата сцена се одигра на 5-6 метри од новиот сопственик на Тимбервулфс, Алекс Родригез кој по инцидентот пријде од своето место на теренот и повика помош за млад навивач кој несакајќи се најде среде метежот.
На натпреварот имаше дури 12 технички грешки што е најмногу на еден НБА натпревар од 23 март 2005 година. Минесота успеа да направи пресврт откако рано влезе во негатива од 16 разлика и на крајот славеше со 123-104.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк - Портланд 110-93
Милвоки - Атланта 124-145
Минесота - Детроит 123-104
Њу Орлеанс - Шарлот 98-94
Сан Антонио - Голден Стејт 106-148
Филаделфија - Торонто 109-127
Феникс - Хјустон 109-148
Кливленд - ЛА Клиперс 127-122