Меншик: Сакав да се предадам, но имав среќа што судијата беше на ручек!

Чешкиот тенисер Јакуб Меншик славеше во финалето на турнирот во Мајами против Новак Ѓоковиќ со 7-6 и 7-6, меѓутоа по мечот откри дека планирал да се откаже.

Меншик сакал да го предаде натпреварот, но не можел да го најде судијата затоа што бил на ручек.

„Задоволен сум од начинот на кој играв. Му благодарам на физиотерапевтот Алехандро. Еден час пред мечот планирав да се предадам, но имав среќа што не го најдов судијата, кој бил на ручек“, кажа Меншик.