Србинот Вејин потпиша за Охрид до 2027 година!

Ракометниот суперлигаш Охрид денеска го претстави најновото засилување за следната сезона, а тоа е десниот српски бек Предраг Вејин кој доаѓа од редовите на Олимпијакос.

Вејин веќе играше во Македонија, каде што во минатото го носеше дресот на Метарлуг, а исто така играше и за други тимови во интернационалната кариера како Нексе, Висла Плоцк, Адемар Леон и други.

„Се радувам што во следните две сезони ќе го носам дресот на Охрид. Ме радува новиот предизвик, но и доаѓањето во Македонија, во земја каде што ракометот е спорт број еден и каде што се чувствувам како дома“, кажа Вејин.