Лапорта: Не ми требаат Меси и Халанд, го имам Јамал! (ВИДЕО)

Навивачите на Барселона го сретнаа претседателот на клубот, Жоан Лапорта и побараа да го врати Лионел Меси во тимот, но и да го ангажира Ерлинг Халанд.

Лапорта не се двоумеше долго и даде краток и јасен одговор „Го имаме Ламин Јамал“, односно индиректно ги отфрли шпекулациите дека ќе оди по потписот на Аргентинецот и Норвежанецот.