Медведев лесно во осминафиналето, Зверев со пресврт го среди Димитров (ВИДЕО)

Фаворитите беа на потребното ниво во ноќешните пресметки на Ју-Ес опен, што посебно важи за двоецот Данил Медведев и Александар Зверев, кои обезбедија место во осминафиналната фаза на последниот гренслем-турнир годинава.

Рускиот тенисер без поголеми проблеми го совлада Аргентинецот Себастијан Баез (6-2, 6-2, 7-6), во кој имаше проблеми само во третиот сет во кој славеше дури по тајбрејк (8-6). Мечот траеше нешто повеќе од два ипол часа. Нешто потешка задача имаше Зверев, кој го загуби првиот сет во пресметката со Григор Димитров, но потоа ги доби следните три (6-7. 7-6. 6-1, 6-1).

Медведев на патот кон пласман меѓу осумте најдобри во Њујорк го чека пресметка со Де Минер, додека Германецот ќе ги одмери силите со Јаник Синер.