Квитова: Насекаде имаше крв, а неговиот нож беше под мојот врат!

Финалистката на Австралијан опен, Петра Квитова успеа да му се врати на тенисот, откако еден крадец за малку ќе ѝ ги отсечеше прстите на раката со која игра тенис.

Чешката тенисерка на судењето за инцидентот во кој можела да ја загуби раката, но и животот имаше потресна исповед пред судијата.

„Врескав, крв имаше насекаде. Тој го држеше неговиот нож на мојот врат“, кажа Квитова на судењето на нејзиниот напаѓач.

Ножот ги зафатил нервите на раката, па докторите се плашеле дека може да остане без два прсти, а тоа автоматски ќе значеше и крај на нејзината тениска кариера, но за голема среќа успешно се рехабилитираше од повредите.