Ивановски загуби, победникот меѓу Македонија и Молдавија ќе се решава во двојки!
Македонија добро отвори против Молдавија, со победа на Мицов, но во вториот меч бевме поразени откако Ивановски загуби од Снитари.
Тенисерот од Молдавија лесно се справи со нашиот Ивановски, за помалку од час и половина победи со 6-3 и 6-2.
Во мечот во двојки кој ќе биде решавачки се пријавени Ивановски и Мицов, а за Молдавија Андреј Киумак и Снитари.



