Ивановски го реши Гимар Вајенбург за осминафинале во Португалија

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски оствари победа во два сета со 6-4 и 6-4 против Французинот Саша Гимар Вајнербург за пласман во осминафинале на турнирот во Сетубал, Португалија.

Ивановски е трет носител на турнирот, а мечот го почна на одличен начин и го доби првиот сет со 6-4, а со сигурна игра продолжи и во вториот сет кој му припадна со идентичен резултат (6-4).

Македонецот во осминафиналето ќе се соочи против подобриот од мечот меѓу португалските тенисери Дуарте Вале и Франциско Роча.