
Ѓорческа застана на претпоследното скалило
Во претпоследната фаза, таа загуби од втората носителка Антонија Ружиќ од Хрватска со 0-2 (3-6, 2-6). Ова е трет пораз во низа на Ѓорческа од оваа противничка од која загуби во октомври минатата година во Братислава и претходно во Били Џин Купот, како член на македонската репрезентација.
Лина одлично почна, направи брејк уште во првиот гем и потоа поведе со 2-0, но Ружиќ одговори со пет освоени гема во низа што ѝ овозможи подоцна да дојде до предност од 1-0 во сетови. Во вториот сет, Ѓорческа доживеа голем пад во играта, Ружич отвори со 4-0 и мирно го приведе мечот кон крај.
Сепак, пласманот во финалето ќе ѝ донесе на Ѓорческа прогрес од девет места на ВТА листата и од понеделник ќе биде на 285. позиција.