Ѓорческа запрена во полуфиналето во двојки на турнирот во Чешка

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа заедно со нејзината партнерка во двојки Валентини Граматикополу денеска беа елиминирани во полуфиналето во Чешка.

Ѓорческа и нејзината колешка не успеаа да ги изненадаат четвртите носителки на турнирот, Јулија Вахачик и Оана Георгета Симион, кои славеа со 6-3 и 6-3.

Да потсетиме, Ѓорческа својот настап во сингл-конкуренција го заврши уште во осминафиналето.