
Федерер го прегази Гофан: Белгиецот освои само четири гема
Денеска настрада Давид Гофан, па Швајцарецот со 6-2, 6-2 и 6-0 се пласираше во четвртфиналето на последниот сезонски грен-слем турнир. Му беа потребни само еден час и 20 минути игра за да го потврди својот прекар „Фед-Екс“.
На женскиот дел од турнирот денеска имаше големо изненадување, бидејќи втората носителка Ешли Барти загуби од Џијанг Ванг со 6-2 и 6-4 во рамки на осминафиналето.