Алкараз ја намали негативата во однос на Синер за 900 бода за една недела, но врвот уште е недостижен
Со оглед на елиминацијата на Синер во второто коло во Хале, разликата меѓу двајцата тенисери на врвот за една недела се намали на 900 бода и сега изнесува 1.130. Сепак, Алкараз најмалку до август не може да го преземе врвот, без оглед на исходот на Вимблдон кој почнува идната недела.
Причината лежи во тоа што Шпанецот во Лондон ја брани титулата и со тоа 2.000 бода, а Синер брани 720. Тоа значи дека дури и ако Италијанецот биде елиминиран во првото коло, а Алкараз дојде до нов трофеј, разликата меѓу нив ќе остане околу 400 бода.
Во август е „друга песна“, Алкараз тогаш би можел сериозно да го нападне Синер затоа што актуелниот лидер брани 200 бода во Монтреал и титули во Синсинати и УС Опен (вкупно 3.200 бода), а Алкараз не брани ништо во Монтреал, 10 бода во Синсинати и 50 во Њујорк.