
Трагедија: Бразилска златна олимпијка почина на 43 години!
Валевска е златна одбојкарка на Бразил, која со својата селекција го освои најсјајното одличје на Летните Олимписки игри во Пекинг во 2008 година, а има и бронза од Сиднеј во 2000 година, како и светско сребро од 1998 година.
Валевска починала во Сао Паоло од засега непознати причини, само една недела пред својот роденден на 1 октомври кога ќе наполнеше 44 години.
Таа замина во пензија во 2022 година.