„До оваа година немавме освоено сет, а сега имаме две победи на четири меча“
Македонија одигра четири натпревари, при што запиша две победи против Луксембург и Фарски Острови, а загуби од Швајцарија и Австрија.
„До оваа година немавме освоено сет, а сега имаме две победи по четири одиграни натпревари и задоволен сум. Од турнир во турнир играме сè подобро и навистина ме радува што растеме како екипа. Многупати потенцирав дека имаме одлична атмосфера, девојките имаат убава енергија надвор од теренот, а истата ја пренесуваат во игра и се поддршка една на друга, што многу значи во полето. Во пресрет на последниот турнир работиме на корекција на некои работи кои се покажаа како проблем и не беа добри во нашата игра. Се надевам дека ќе ги поправиме и во најдобро светло ќе се покажеме на последниот турнир во годинешното издание“, кажа Пауновиќ.
Репрезентацијата на Македонија на 13 јуни ќе се соочи против Израел од 19 часот, а еден ден подоцна во истиот термин игра против Грузија.
Фото: Одбојкарска репрезентација на Македонија