
Австријките пресилни: Одбојкарките со пораз ја почнаа сребрената лига (ФОТО)
Македонските одбојкарки одиграа меч во грч, па само на моменти покажаа дека имаат и повеќе квалитет и капацитет од тоа што го остварија во трите сета. Слаб прв сет отворија избраничките на Стефан Пауновиќ со освоени само 15 поени, а во вториот сет покажаа многу повеќе како најава дека можат и подобро, но во третиот сет брзо се најдоа во голема негатива (3-10), па Австријките рутински одработеа за повторно да нѐ остават на 15 поени и да слават на мечот.