Волков го нокаутираше легендарниот Оверим во УФЦ (ВИДЕО)

Александар Волков го победи Алистер Оверим со технички нокаут во втората рунда во рамки на УФЦ.

Русинот доминираше од самиот старт на борбата и во неколку наврати сериозно го раздрма легендарниот борец. Откако Оверим прими еден силен удар судијата на борбата реши да ја прекине и победата да му ја додели на Волков.