Жанг брутално го нокаутира Џојс, па го повика Фјури на борба (ВИДЕО)
Жанг во третата рунда по неколку силни удари со десно кроше го нокаутира Британецот, кој се обиде да стане, но судијата ја прекина борбата.
По борбата Кинезот го предизвика Тајсон Фјури со кој сака да се пресмета во рингот и да го освои ВБЦ појасот кој му припаѓа на британскиот борец.
Фјури, сепак, на крајот на годината има борба со поранешниот шампион во уФЦ, Френсис Енгану.
Zhilei Zhang knocks out Joe Joyce pic.twitter.com/1rumZk96kC
— Will (@ChillemDafoe) September 23, 2023