Бокс ќе има и по короната, ама без плукање, дебели луѓе и без - згодни девојки!

Боксот би требало на 4 јуни да се врати на големата сцена по принудната пауза поради пандемијата со коронавирусот и тоа со борбата помеѓу Дилијан Вајт и Александер Повјеткин во Манчестер, но според нов здравствен протокол кој мора да се испочитува.

Промоторите на оваа, но и сите други најавени борби, добија правила кои не смеат да се прекршат. Според овој, засега сѐ уште предлог, боксерите мора да носат заштитни маски сѐ до влегувањето во ринг, додека тренерите и судиите ќе мора да ги носат постојано. Забрането е традиционалното плукање во канта во паузите меѓу рундите, а мечевите ќе се одвиваат без публика, без најавувачи и без згодните девојки кои го покажуваат бројот на рундата.

Сите инволвирани ќе мора да бидат тестирани на Ковид-19 најмногу до 48 часа пред борбата, по што мора да заминат во карантин. Меѓу тие што ќе добијат дозвола да бидат во салата не смее да има трудници, дијабетичари и – дебели луѓе.