Слободен удар на Меси „ала“ Роналдињо (ВИДЕО)

Жирона успеа само да ја исплаши Барселона на стартот на нивниот меѓусебен натпревар на „Камп Ноу“, но домашниот тим набрзина го врати ударот. Лионел Меси веќе постигна три гола за водство од 4-1, а особено импресивен беше вториот негов гол од слободен удар во стилот на Роналдињо.