Почетничка грешка на Марсеј, Гризман такви „јаде за доручек“! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид води со 1-0 против Олимпик Марсеј во финалето од Лига Европа, со голот на Антоан Гризман, во 21. минута. Си играа француските дефанзивци и направија кобна грешка на сопствената половина, а таквите Гризман не ги пропушта, па го отвори финалето.