Кикбокс спектаклот во Скопје почна со убедлива победа на Марија Димовска

Вечерва во „Јане Сандански“ се одржува кикбокс спектакл на кој главен настан ќе биде дуелот за светската титула на ВАКО Про К1 меѓу Боба Илиоски и Берк Дузенли од Турција.

Во пресрет на овој меч има уште седум борби, а првата од нив беше меѓу нашата натпреварувачка Марија Димовска и Марија ­Обрадовиќ од Србија, во категоријата до 62 килограми лоу кик постари јуниори. Победи Димовска на поени, со 3-0 иако во текот на борбата ја испрати противничката во нокдаун.

Од македонските натпреварувачи, пред главната борба, во рингот ќе се појават уште Силвио Мировски, Викторија Варадинова, Узеир Нелсон, Максим Митровски и Димитар Ѓоргиев.