Требаше да поминат 42 години за Австрија да добие нов шампион!

Во ракометот тешко е да се држи шампионско ниво долго време, со оглед дека клубови доаѓаат, си одат, се распаѓаат, арно ама на легендарниот австриски клуб Хипо, тоа му успеваше 42 години...се до денеска.

Хипо го загуби приматот во женскиот ракомет во Австрија од екипата на Ацгерсдорф, кој ќе биде првиот шампион на Австрија кој не е Хипо, по 1976 година.

Ракометарките на Ацгерсдорф беа второпласирани во основниот дел од сезоната и двапати загубија од Хипо, кој имаше скор 22-0-0, меѓутоа во финалето од плејофот ништо од тоа не вредеше.

Во вечерашниот реванш, Хипо победи само со 23-21, недоволно за да го анулира поразот од 22-18 во првиот круг.

Ова беше најдолгата активна ракометна династија, појава која е се поретка со оглед дека парите го диктираат пулсот на модерните клубови.