„Јокиќ е кошаркарски гениј, со него сè е полесно!“

Денвер нагетс славеше против Лос Анџелес лејкерс со 112-105 за трета победа во плејофот, а повторно неверојатен беше Никола Јокиќ кој постигна 24 поени, 15 скокови и девет асистенции.

Кошаркарот на Денвер, Ерон Гордон имаше само пофални зборови за Јокиќ по победата против Лејкерс.

„Јокиќ е кошаркарски гениј. Со него сè изгледа полесно на теренот. Кога играш покрај него, секогаш можеш да гледаш три-четири чекори однапред“, вели Гордон.