Хрватот Бјелица доби отказ по примените четири гола на домашен терен!

Хрватскиот тренер, Ненад Бјелица, и бундеслигашот Унион Берлин ја прекинаа соработката, а последната капка во „морето“ беше вчерашниот пораз на домашен терен од Бохум (3-4) во меч од 32. коло од Бундес лигата.

Претседателот на берлинци, Дирк Зинглер, изминатиов период постојано велеше дека претходната лоша ситуација во Унион нема никаква врска со тренерот и дека Бјелица ги земал бодовите што биле потребни, сега работите се поинакви. Хрватот го напушта тимот од Берлин на 15. место во Бундеслигата, во ситуација кога на две кола пред крајот овој состав има 30 бодови, односно само еден повеќе Мајнц, кој е веднаш зад нив на место кое води во баражот за останување во германската елита.

Бјелица се очекува да биде наследен од данскиот тренер, Бо Свенсон.