Емотивна вечер во Аеродром: Фемили и Чкембари се простија од навивачката легенда Мац! (ФОТО)

Финалето од плејофот меѓу МЗТ Скопје и Пелистер започна со минута молк за прерано починатиот навивач на аеродромци, Марјан Михајловски - Мац, а потоа фановите на двата клуба му оддадоа почит на посебен начин.

На трибината каде традиционално е сместена навивачката група Фемили, осамна кореографија со ликот на Михајловски во поза каква што можеше да се види на натпреварите на својот тим.

Потоа и навивачите на Пелистер извадија парола на која пишуваше: „Почивај во мир Мац“.

Марјан Михајловски - Мац почина на 10. мај на 53-годишна возраст.