Рој Кин продолжува со ударите: Халанд е едно разгалено детиште!

Легендарниот ирски фудбалер, Рој Кин, отсекогаш бил познат по својот „долг“ јазик и потоа што не се воздржува од остри коментари за кого и да зборува, а во последно време најголема „жртва“ му е Ерлинг Холанд, кого прво го критикуваше дека е напаѓач на четвртата лига, а сега му е „на тапет“ поради реакцијата на Норвежанецот на мечот на Манчестер сити против Вулверхемптон (5-1) на кој даде четири гола.

Проблемот се случи кога Пеп Гвардиола реши да го извади својот напаѓач пред крајот од натпреварот, кога тоа одамна беше решено. Тогаш Холанд збесна и мрморејќи го напушти теренот, се „туркаше“ со Гвардиола, а потоа ги фрли копачки на клупата за резерви. Не е првпат да има излив на гнев поради промена, а ваквото однесување воопшто не му се допаѓа на Кин, кој смета дека така не треба да се однесува најдобриот стрелец на тимот.

„Го видовте Халанд како излегува, тој не беше среќен поради тоа, се однесуваше како разгалено детиште. Не помага кога тренерот и главната ѕвезда на тимот се расправаат, тоа влијае на резултатите. Но, бидејќи тие најчесто победуваат зашто тој дава голови, ваквите работи речиси целосно се забораваат“, изјави Кин во гостувањето на телевизија „Скај“.

Во меѓувреме, претходните коментари на Ирецот стигнаа и до Халанд, но норвешкиот напаѓач не сакаше да му обрнува внимание.

„Ми е гајле за момчето, па што и да рече е во ред со мене“, изјави Борвежанецот.

Холанд сезонава одигра 41 натпревар за Манчестер Сити и постигна 36 гола, но впечаток е дека најмногу постигна на „малите“ средби, додека на поважните беше невидлив. Ова особено се однесува на четврт-финалето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.