„Никола Јокиќ уште сега е најдобриот странец кој некогаш заиграл во НБА!“

Како се ближи моментот за прогласување на најкорисниот (МВП) кошаркар сезонава во НБА, така се побројни се пофалните зборови на сметка на Никола Јокиќ, кој се смета за главен фаворит за трет пат да стане најдобар во последниве четири години.

Србинот веќе има и шампионски прстен, а со Денвер нагетс и сезонава најавува повторување на истиот успех. Сето ова сигурно се главните причини што го легендарниот Чарл Баркли доби досега нечуен епитет – најдобар странец во историјата на НБА.

„Дирк Новицки беше најдобриот странски играч во НБА, ама само до појавувањето на Јокиќ. Ако го гледавте последниот натпревар против Лејкерс кога Јокиќ имаше 24 поени, 15 скока и 9 асистенции, немаше да верувате бидејќи Гордон беше оној кој имаше најмногу поени во плејофот во кариерата и најмногу скокови. Погледнете ја статистиката на Јокиќ и не верувате дека тоа е најлесниот 24, 15 и 9 во историјата“, рече Баркли.

Денвер во првата рунда лесно ги мина Леброн Џејмс и другарите (4-1), а ноќеска по македонско време ќе ја одигра втората средба во серијата од втората рунда против Минесота тимбервулфс, во која имаат стартна негатива (0-1).