На што спаднаа: Баерн Минхен почнал преговори со Ерик тен Хаг!? (ФОТО)

Челниците на Баерн Минхен уште од февруари знаат дека Томас Тухел ќе ја напушти клупата на крајот од сезонава, но и покрај тоа се уште немаат најдено негов наследник и покрај обидите за договор со неколку реномирани тренерски имиња.

Тие очигледно стануваат очајни, па по „корпата“ што ја добија од еден од полошите менаџери на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, тие, наводно, почнале преговори со актуелниот кормилар на „ѓаволите“, Ерик Тен Хаг, кој дефинитивно е меѓу најлошите последна деценија. Претходно одбија Чаби Алонсо, Де Зерби и Зинедин Зидан.

„Скај Спорт“ пренесува дека не би било чудно ако Тен Хаг седне на клупата Баварците, без разлика на резултатите изминатиов период. Баерн Минхен годинава првпат по 11 години нема да биде шампион на Германија, рано беше елиминиран од Купот, па единствена шанса за трофеј им остана Лигата на шампионите, каде што се во полуфинале против Реал Мадрид со кого одиграа нерешено на домашен терен (2-2).