Лажна тревога: Кевин Пантер ќе игра за Партизан и во следната сезона!
Неговиот менаџер, Харис Пападопулос, потврди дека бекот нема намера да го напушти црно-белиот табор, со што експресно беше ставен крај на сите шпекулации.
„Тоа е глупост. Тој има договор со Партизан и ќе остане во клубот. На некој портал му требале кликови за време на празници па си измислил сензација“, изјави Пападопулос, кој истовремено потенцира дека Кевин е среќен во редовите на црно-белите.
Една од причините што тој воопшто и не размислувал за заминување е фактот што неодамна нов двегодишен договор потпиша тренерот Жељко Обрадовиќ.