Шведските клубови не сакаат да слушнат за ВАР-технологија!

Шведската лига нема да воведе ВАР-систем откако фудбалските тимови ѝ се спротиставија на технологијата поради одредени недостатоци кои се забележани во останати првенства.

ВАР-системот требаше да ги намали грешките на судиите, но и покрај тоа се донесуваат скандалозни одлуки и Швеѓаните не сакаат да воведат ВАР-технологија.

„Имаме 18 елитни тимови кои кажаа дека не сакаат ВАР-систем. Ние тоа го почитуваме и затоа не планираме да го имплементираме во лигата“, соопштија од Шведска.