Крај на црната серија: Рубљов по пауза од 50 дена конечно оствари триумф

Рускиот тенисер Андреј Рубљов имаше ужасна серија од порази, која конечно ја прекина денеска со триумфот против Факундо Багнис со 2-0 во сетови, односно 6-1 и 6-4.

Рубљов немаше проблеми против Аргентинецот, па за само 90 минути обезбеди место во третото коло на мастерсот во Мадрид.

За младиот тенисер ова беше прва победа по пауза од 50 дена, откако претходно имаше четири порази по ред, и тоа од Јиржи Лехецка, Томаш Махач, Алексеј Попирин и Брендон Накашима.